Самка Ибраимоски е можен кандидат за претседател

Неофицијално, на синоќешниот состанок биле утврдени шест можни кандидати. Петмина се од редовите на партијата, а еден од дијаспората. Помеѓу нив, според нашите информации, е и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски. Тој ниту ја потврди ниту ја демантира таа информација.

2626

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) на пратеникот Самка Ибраимоски, која е дел од владејачката коалиција планира сама да трча на претседателските избори.

Ваков заклучок бил донесен на синоќешниот партиски состанок бидејќи такви барања имало од членовите на партијата, граѓаните Роми, како и од невладините организации од дијаспората. Писмени барање за Ромите да излезат со свој кандидат за претседател пристигнале од иселениците во Франција, Германија, Белгија и други земји.

– Конечката одлука за името на кандидатот ќе би биде соопштена по општинските консулатции како си лидерите на Ромските партии, ромските граѓански организации и Ромите од цела Македонија. Почитувани Роми дојде време и ние да мислиме за себе исто како и останатите – порачуваат од партијата.

Сепак, според извори од партијата, конечната одлука за тоа како ќе настапат на претседателските избори и кој ќе биде нивниот кандидат ако дефинитивно пресечат да одат сами на избори, ќе биде позната до 10 февруари.

Неофицијално, на синоќешниот состанок биле утврдени шест можни кандидати. Петмина се од редовите на партијата, а еден од дијаспората. Помеѓу нив, според нашите информации, е и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски. Тој ниту ја потврди ниту ја демантира таа информација.

Овие имиња ќе им бидат понудени и на другите ромски партии и организации, ќе се разговара и со Амди Бајрам, и ќе се види дали ќе сакаат да застанат зад некој од нив.

– Ако ништо друго, барем ќе се преброиме, ќе се сплотиме и стекнеме ново искуство во начинот на нашето делување и понатамошно постапување на останатите избори – велат од ПЦЕР.

Во партијата вчера се разговарало и за опцијата за превремени парламентарни избори по што оттаму се децидни дека двојни избори во Македонија во моментов не се поребни, туку земјава треба да се посвети на преговорите со ЕУ и членството во НАТО, на реформите и на остварување на предизборните ветувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...