Нешто извонредно штотуку се случи на Балканот. Владите на Атина и Скопје ги заршија сите преземени обврски за промена на името на ПЈРМ во Република Северна Македонија, прашање кое ги оптоваруваше двете земји со децении, пишува американскиот аналитичар Џејмс Пердју, кој беше еден од посредниците за постигнување на Охридскиот рамковен договор и поранешен заменик генерален секретар на НАТО.
Во анализата за угледниот американски весник и портал „Хил“ (The Hill), посочува дека „грчкиот Парламент во Атина на 25 јануари го заврши последниот чекор од Преспанскиот договор кој ги постави неопходните мерки фокусирани на промена на името, за отстранување на грчката блокада на членството на Северна Македонија во НАТО и ЕУ“.
– Но, успешниот договор не е највоодушевувачкиот дел од ова остварување. Конечно, шефови на влади на две балкански земји, премиерот на Грција 44-годишниот Алексис Ципрас и Зоран Заев, на истата возраст, работеа во најдобар долгорочен интерес за своите нации, наместо да потклекнат под товарот на етничките националисти, кои предизвикаа толку многу страдања и го попречуваа напредокот на Балканот со години – вели Пердју.
Тој подвлекува дека Ципрас и Заев ја постигнаа оваа тешка задача без вообиченото меѓународно посредување кое беше потребно во поранешните конфликти на Балканот. Нивната одлука да ги надминат ектремните, понекогаш насилни противења на овој договор, додава тој, е чин на храбро лидерство што создава надеж дека и други млади и напредни политичари на Балканот ќе ја имаат истата храброст – вели Пердју.
Според него, значењето на овој нов договор за Скопје е очилгедно, но и Атина исто така има корист од него, бидејќи сега има стабилен сосед кој е член на европското и евроатлантско семејство на нации, зголермени се можностите за меѓусебна соработка, а Грција може да добие значајни заслуги во ЕУ како земја која помага за стабилизација и интерегарција на регионот во Европа.
– Исклучителното национално лидерство како што го покажаа Ципрас и Заев е исклучително ретко на Балканот и тие треба да ја добијат целосната заслуга за покажаното државништво. Овие млади, прогресивни лидери донесоа тешки, но историски одлуки за придижување напред на своите земји. Сега надежта е дека и лидерите на Босна, Србија и на Косово ќе сфатат што значи напредно, храбро лидерство. Ако лидерите во Сраево, Белград и Приштина го искористат потенцијалот што го покажаа Грција и Северна Македонија и тие можат да почнат да ја искоренуваат етничката омраза и да помогнат да се консолидираат демократиите во нивните земји за да се обезбеди стабилна иднина на Балканот – порачува Џејмс Пердју во анализата за „Хил.“