Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села за вечерва во 18 часот свикал седница на Централното претседателство. Партискиот орган ќе расправа за претседателските избори, можните кандидати, како и за понудата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, албанскиот блок да излезез со заеднички кандидат на изборите за шеф на државата.
На состанокот ќе се расправа и за можноста од оддржување на предвремени парламентарни избори во пакет со претседателските.