Спалети: Натпреварот изедначен и само пеналите можеа да го решат победникот

194

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, по елиминацијата од Лацио во четвртфиналето на Купот на Италија, рече дека двете екипи одиграле изедначен натпревар.

– Немавме доволно острина во нападот, а Лацио всушност имаше пет бранители зад линијата на топката. Се чинеше дека натпреварот е целосно изедначен и може да се реши само на пенали, изјави Спалети.

Тој објасни зошто во тимот го немаше Иван Перишиќ. Хрватот беше блиску до трансфер во Арсенал, но тоа не се случи.

– Сфати дека бил измамен, но тој е професионалец, ја разбира својата улога. Сега ќе продолжи со тренинзи и кога неговиот ум ќе се врати во Интер, ќе му дозволиме да игра, соопшти тренерот Спалети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...