Ѓорчев бара владата на Заев да го признае Гваидо, привремениот претседател на Венецуела

1259

Кандидатот за претседател на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, ги повика Владата и МНР, предводени од Зоран Заев и Никола Димитров, да донесат одлука за признавање на привремениот претседател на Венецуела, Гваидо, следејќи ја одлуката на САД, Канада, Австралија и другите демократски земји.

Ѓорчев ги повика Пендаровски, Шекеринска, Спасовски и другите можни претседстелски кандидати јавно и скоро да се изјаснат за оваа моментално главна тема во светската меѓународна политика.

„Европската народна партија (ЕПП) каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во врска со диктаторот Мадуро. Албанија и Косово донесоа исправна одлука за признавање уште пред 6 денови, веднаш после одлуката на САД”, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...