Инфантино доби противкандидат за прв човек на ФИФА

159
ФОТО: EPA/PATRICK B. KRAEMER

Швајцарецот Рамон Вега ќе биде противкандидат на првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино на следните избори.

За да влезе во трката за претседателското место на Вега му е потребна поддршка од само само пет федерации.

Поранешниот фудбалер Грасхоперс, Каљари, Тотенхем, Селтик и Вотфорд е многу блиску до собирање на целосната документација за официјализирање на кандидатурата. Рокот е до 5 февруари.

– Поддршката од пет федерации не е проблем. Патував низ целиот свет, се сретнав со многу луѓе од фудбалот и политиката, а многу од нив ми дадоа поддршка бидејќи гледаат позитивно дека постои алтернатива – изјави Вега.

Претседателските избори на ФИФА ќе се одржат на 5 јуни во Париз

 

ФОТО: EPA/PATRICK B. KRAEMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...