Формула 1 го одложи стартот на Ф1 ТВ

651

Формула 1 ќе го одложи почетокот на новат он-лајн Ф1 телевизија. Првично беше објавено дека интернет услугата ќе биде достапна за првата трка од новата сезона што почнува претстојниот викенд во Мелбурн, Австралија.

– Ќе направиме стрес тест за време на овој викенд. Целта ни е да сме подготвени што е можно поскоро. Ова е нормален процес кога се започнува нов проект, а тестот нема да биде јавен, туку само внатрешен. Имаме луѓе во различни делови на светот кои ќе го тестираат системот и неговите функции – изјави неименуван извор за „Аутоспорт“.

Запрашан за евентуална датум на официјален старт, изворот одговара дека нема краен рок, но идејата е сето тоа да се случи што е можно поскоро.

Ф1 ТВ ќе се шири низ целиот свет, но само во оние земји во кои правата за дигитално емитување на трките од Формула 1 не се однесуваат на сопственикот на телевизиските права.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...