По две години откако живеев со тоа дека се злоупотребува системот за прислушување, во 2010 го замолив Ѕвонко Костоски да собира докази, рече свиркачот Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“.
– Сакав да ми потврди дали моите сомневања се точни, а тој рече дека нема некој што не е прислушкуван. Целта ни беше да ги пробиеме Наис и Веренид, да вадиме и аудио. Ова никако не беше поврзано со податоците кои јас ги извадив од системот Верент. Селекцијата на тоа што се вадеше ја правеше Ѕвонко од системот НАИС – рече Лазаревски.
Материјалите што тој ги добивал, како што рече, биле од експорт, чија главна намена била за судски процеси. Според сознанија на Лазаревски, договорот за набавка на системите Наис и Веренид бил кон крајот на 2007 година, но не знае кога стапил во функција.