Јанева се сретна со Јовески откако Врховен донесе мислење

457
20160212 Friday katica janeva
Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Катица Јанева, Јавен обвинител на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На состанокот стана збор за начелното правно мислење донесено на општа седница на Врховниот суд на Република Македонија со кое е утврдено дека „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност…“

На средбата биле разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Јовески и Јанева се согласиле дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...