Фудбалерот на Барселона и шпанскиот репрезентативец Андрес Иниеста го очекуваат два контрони дуела со националниот тим. Противниците на „црвената фурија“ ќе бидат Германија (утре) и Аргентина (27 март).
– Ќе биде чудно да се игра против Меси, но се навикнуваме на тоа. Иако ова е пријателска игра, тоа ќе биде натпревар во кој сите ќе сакат да победат. Се надевам дека натпреварите со Германија и Аргентина ќе ни бидат од корист и дека ќе прикажеме одлични игри. Добро е што ќе играме со силни ривали. Со тимови од високо ниво ќе мора да дадеме повеќе од вообичаено. Ова ќе помогне да станеме посилни и за нас и за нашите ривали – вели Иниеста.
Утрешниот дуел со Германија шпанската селекција ќе го игра на гостински терен во Дизелдорф, додека клупскиот колега на Иниеста, Лионел Меси и Аргентина ќе гостуваат во Мадрид четири дена подоцна.
ФОТО: EPA/TONI ALBIR