Фатално било скијањето за 34-годишен битолчанец, кој ја скршил потколеницата додека скијал, по што на 18. јануари бил примен и опериран во Клиничката болница во Битола, но починал пред 3 дена, на 28 јануари, и тоа само еден ден откако бил отпуштен на домашно лекување.
Државниот санитарен и здравствен испекторат врши вонреден инспекциски надзор и на овој случај, кој ја вознемири јавноста во Битола и пошироко.
– Маж се здобил со фрактура на потколеница на скијање, по што бил опериран на 18. јануари, а на 25. бил пуштен дома. Но по еден ден починал, а не е направена обдукција. Ги комплетираме документите и за овој случај, обемна е документацијата и ја проверуваме. Пациентот бил однесен дома, па вратен во болница. Го истражуваме случајот и кога ќе завршиме, ќе излеземе со заклучок и мерки, ако има основа – вели д-р Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ.