Столтенберг: Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат протоколот, по што Скопје ќе учествува на два НАТО-состаноци како гостин

214
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека наскоро ќе биде потпишан протоколот за пристап на Македонија во Северноатлантската алијанса.

– Разговаравме и за континуираната посветеност кон политиката на отворени врати. Сакам да им честитам и на Скопје и на Атина и да ги пофалам премиерот Ципрас и премиерот Заев за нивната храброст и силно лидерство, успевајќи спорот за името да го остават во минатото – рече шефот на НАТО.

– Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат протоколот за пристапување, по што Скопје ќе учествува на два состаноци на НАТО како гостин. Откако сите 29 сојузници ќе го ратификуваат протоколот, ќе ја поздравиме Република Северна Македонија како 30-ти член на НАТО – рече Столтенберг на заедничката конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Романија, по состанокот на европските министри за одбрана во Букурешт.

Тој истакна дека пристапот на Македонија во Северноатлантската алијанса ќе ги зајакне мирот и стабилноста во регионот и во Европа.

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...