На булеварот 12. Македонска бригада, пред полициската станица во скопската населба Лисиче, утрово во сообраќајна несреќа тешко е повредена жена која итно со амбулатно возило е пренесена во Ургентниот центар.
Жената на самата крстосница како пешак е удрена од автомобил „опел венто“ со кумановски регистарски табилички.
Во моментот се очекува да пристигне увидна екипа за да се утврди причината за сообраќајката.