Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за регионалната ТВ Н1, во емисијата Пресинг говореше и за случајот со бегството на Никола Груевски, споменувајќи меѓу другото дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски пред бегството на Груевски се сретнал со унгарскиот премеирот Виктор Орбан и со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што досега нема објавено за што разговарал со нив.
– Истрагата е во тек, ќе објавиме сѐ по нејзиниот завршеток, сите се бориме во регионот да докажеме дека сме пријатели и дека ги почитуваме законите, не дозволивме пријателството со Унгарија да се наруши, но не е фер една членка на НАТО и ЕУ да ни држи ваква лекција…, оцени Заев.
Македонскиот премиер изјави дека не очекува да ја добие Нобеловата награда за мир, додавајќи дека самата номинација е афирмација на Македонија.