Oсумдесет кандидати за седум места во Антикорупциска, се пријавиле на огласот за членови на државната комисија за борба со корупцијата, јави Телма.
Од пријавените 19 се изјасниле дека во исто време ќе влезат во трката за претседател на комисијата.
Меѓу овие 19 се поранешниот обвинител Александар Наков, адвокатот на Верушевски – Анѓеле Илиевски, адвокатот Оливер Вуксановиќ, Маја Малахова, екс претседателка на Државната комисија за јавни набавки, Тања Алтанџиева која беше поранешен член на државната изборна комисија и државнит советник во Министерство за правда, Радица Лазаревска Героска, јавува Телма.