А тоа боли…

СЈО нема да биде без контрола, да се разбереме, ниту сега е без контрола, ама дека на криминалците на високите позиции во сите нивоа, па и во судските, им е колец во око, им е. И секогаш ќе им биде. А тоа боли...

4069

Последниот капак од врховната шахта на сварофски судството, врховно и врвно корумпираниот послушник, залапано куче на дебела мрсна коска, се крена и ја испушти последната смрдеа во ионака загадениот воздух низ државава, ја распосла реата од контаминираната загаденост во мкд судството од највисоката точка.
Крена паника и џева. Толку. Не гледа дека на метро до капакот шиба шлеперот на СЈО. Толку му сече, толку добацуе…

Без гајле другарице и другови са свих здраворазумних комитета. Ниту една истрага на СЈО нема да прекине, ниту едно обвинение нема да застарее, ниту некој ќе успее да го стопи, разводни, заклучи СЈО. Оставете ги загадените во криминал да ликуваат и да пливаат во оваа последна смрдеа. Бидете тука и бидете така, допрва доаѓаат вистинските резултати од една макотрпна и повеќегодишна борба против опасни крминалци на државата, а капакот од последната сварофски шахта, ќе се распрсне на ситни парченца и ќе потоне во сопствената реа. Ќе ставиме нов, квалитетен и сигурен…

Ако постоењето на СЈО зависеше од одлуките на ОЈО на чело со Зврлевски, ако неговото појавување зависеше од одлуките на Советот на Јавни обвинители на чело со Аневски, ако неговото работење зависеше од одлуките на Врховниот Суд на чело со Војо звани превара, ако СЈО требаше да се роди заради одлуката на претседателот Иванов свесен за неправилностите и криминалите на власта, ако ова истото СЈО го воспоставеа тогашните владеjачки партии ДПМНЕ и ДУИ, за да се гонат самите, ондак, немаше да го имаме…

СЈО почна да се раѓа со појавата на бомбите. Стана СЈО, тогаш, кога граѓаните го нарекоа така. Има законски рамки во кои е прецизно определено неговото дејствување и делување со рокови, а СЈО, во ниту еден дел од милиметарот не се дрзнал да излезе од тие свои овластувања за надлежност над одредени случаи.

Се’ што ќе откријат „слушачите“ во СЈО, а е поврзано со предмети кои веќе се отворени во ОЈО, пред појавата на СЈО, и од „познати причини дремеле“ во нечии обвинителски фиоки, овде се отвараат со сета одговорност и доследно на законот за СЈО, без каков било обид за заташкување.

Не ги потценувајте квалитетите на обвинителките и обвинителите во СЈО, точно знаат што прават. Ниту квалитетите на нивните правни советници. Не ја потценувајте работата на една институција која покажува и докажува како треба да функционираат ваквите установи во една нормална, елементарно правна држава…

И на крај, не ги ебете бре советодавните мислења и препораки на една контаминирана инстиутуција од Врховен карактер, институција, која, час поскоро треба да ја ослободиме од луѓето кои ја загадуваат со својата нечесност и поданост, со својата корумпираност и криминална дрчност.

Знаете ли што ќе се случеше со СЈО ако Зврлевски и Аневски требаше да одлучуваат за неговата работа, ако за неговата автономија требаше да решаваат Груевски и Илија Димовски, ако за неговата иднина требаше да одлучува Силванева, а?

Па исто како ова што го посакува и Војо звани Превара. СЈО немаше да постои, или, ќе постоеше, ама немаше да има надлежности за да работи. СЈО, на ваквите во сите Судови на државата не им е трн во око, туку колец. И не би било ова несфатливо за еден слој на мкд пучанството, напротив.

Еве и сега се соочуваме со некои шарени „револуционери“, кои самосогласно паѓаат во депресија, разочараност од работата на СЈО и го вплеткуваат во различни политички лавиринти, договори, меѓународни конспирации, и слично, паѓајќи во мрежата на очигледната хајка против СЈО. Хајка против граѓаните жедни за правда…

СЈО го избраа 2/3 од парламентот. За судбината на СЈО, повторно ќе одлучуваат 2/3 од парламентот, ама, ниту ТОГАШ, ОЈО, Советот на јавни обвинители, Врховниот суд, па и Уставниот Суд, Претседателот на државата, нема да имаат надлежности да укинуваат истраги, предмети кои ова обвинителство ги води или ги покренало.

СЈО е крикот за правда на граѓаните, и тие се неговиот одглас за конечната одлука дали и како ќе постојат, дали и за што имаат надлежности. СЈО нема да биде без контрола, да се разбереме, ниту сега е без контрола, ама дека на криминалците на високите позиции во сите нивоа, па и во судските, им е колец во око, им е.

И секогаш ќе им биде. А тоа боли…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...