Престануваат да важат мерките против загадувањето во Струмица

38

Престануваат да важат препораките и мерките против загадувањето во Струмица кои во сила беа од вчера откако во претходните два дена беше надминат прагот на алармирање на ПМ10 честичките.

„Согласно податоците од ДАМСКВ на 29 јануари 2019 година среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 микрограми на кубен метар  и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица. Со тоа престануваат да важат препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија“, соопшти вечерва владината прес-служба. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...