Речиси 17 години поминаа откако Бритни Спирс се појави во „Crossroads“, а сега поп пејачката ќе има кратка сцена во хорор-комедијата „Corporate Animals“.
Како што пренесува „Е! News“, режисерот Патрик Брајс ја соопшти веста на панел дискусија за филмот.
– Еден од нашите ликови, кој го игра Калум Ворти, Идн е опседнат со Бритни Спирс. Тој полудува мислејќи дека ја слуша Бритни како му зборува од другата страна на ѕидовите – појасни Брајс.
Оваа вест не ги изненади само фановите, ами и Џесика Вилијамс, која исто така е дел од проектот.
– Успеавме да одземеме 10 минути од времето на Спирс за да го снимаме посакуваното, што е неверојатно – додаде Брајс.
Во „Corporate Animals“ ќе играат и Деми Мур и Ед Хелмс.
ФОТО: Инстаграм