„Еуроактив“: Северна Македонија може уште на самитот во јули да стане членка на НАТО

1238

Грција најверојатно ќе биде прва земја која ќе го ратификува Протоколот за пристап на Северна Македонија кон НАТО и има цел тоа да го заврши до 8 февруари, пишува бриселскиот портал „Еуроактив“ повикувајќи се на блиски извори од Алијансата.

Порталот потсетува дека од НАТО изјавиле оти датумот кога Северна Македонија ќе го потпише протоколот за пристапување како 30-та земја членка ќе биде одреден „наредните денови“.

Повикувајќи се на истите извори од Алијансата, „Еуроактив“ објавува дека официјалниот текст на Протоколот е веќе одобрен и амбасадорите во НАТО на 29-те земји членки сега чекаат само овластување од владите за да го потпишаат.

Ова, тврди порталот, би можело да значи дека Северна Македонија може да стане членка на НАТО уште на самитот во јули ако земјите-членки ги забрзаат процедурите за ратификација. Но, исто така, потсетува дека во пракса процесот на ратификација трае околу една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...