Eкипи на ЈСП Скопје утрово ја отстранија старата автобуска постојка од стојалиштето „Мал одмор“ во Карпош во правец кон Центар на булеварот Партизански одреди, а од јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ во наредниот период треба инфраструктурно и хортикулутурно да го уредат просторот, по што, на расчистената локација ќе се постави нова автобуска постојка.
– Денешното отстранување на старата автобуска постојка е почеток на активностите на ЈСП Скопје за уредување на неколкуте автобуски постојки во тој реон со автобуски постојки од новиот тип, кои во изминативе години не биле модернизирани и покрај акцијата за поставуавње нова урбана опрема. Генерално, сите постојки во реонот кои се од застарениот тип, останале такви поради неможноста за нивно модернизирање заради околните времени објекти, за кои Општина Карпош и сопствениците привршуваат со регулирање на имотно-правните односи. Во оној момент, кога ќе се создадат инфраструктурни услови, ЈСП Скопје ќе постави автобуски постојки, урбана опрема од новиот тип на сите постојки каде е неопходно – велат од ЈСП.