Лекарите од приватните болници ќе се вратат на катедрите на скопскиот Медицински факултет

710

И лекарите кои се вработени во приватните болници ќе може да држат настава на Медицинскиот факултет во Скопје, а за тоа ќе треба да се направат законски измени.

Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче, во синоќешната емисија „Топ тема“ на Телма.

Досега, само на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ на лекарите наставници  вработени во приватните болници им беше дозволено да предаваат, а таа можност ја немаа на Медицинскиот факултет во Скопје.

За оваа новина да почне да се применува, ќе треба да се направат измени на Законот за високо образование.

Од Управата на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска не ја коментираа најавата на министерот Филипче, а ни најавија дека деновиве ќе се произнесат со став за оваа новина.

Еве што изјавуваат лекарите од приватните болници, кај кои, по заминувањето во приватното здравство, наставничките звања мораше да паузираат.

Проф. д-р Кирил Лозанче, неврохирург кој неколку години работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје ја поздравува одлуката на министерот Венко Филипче.

– Конечно, по десеттина години од постоењето на приватните болници, некој му посвети внимание на овој реален проблем. Жалосно е што досега на толку врвни професори им беше скратено правото да го пренесуваат своето знаење и искуство на новите студенти. Исто така, специјализантите наместо да се праќаа во странство на доoбоука, или што учеа од недокажани странски експерти во државните болници, ќе беше подобро и поисплатливо да бидат испраќани во приватните болници во Македонија, каде работат врвни експерти, во најсовремени услови и капацитети – вели проф. д-р Лозанче.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...