Член на Судскиот совет побара Караџовски да му праќа покани на албански и преведувач

640

Членот на Судскиот совет на РМ, Селим Адеми, на почетокот на денешната седница побара од претседателот на советот, Зоран Караџовски, да се почитува Законот за употреба на јазиците.

– Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач – рече Адеми.

Претседателот на СС, Караџовски, рече дека сите знаат дека Законот е донесен, но дека и во него има рокови за негова имплементација.

-Јас имам намера да го почитувам Уставот на РМ и законите и нема да се чека последниот рок – рече тој.

Караџовски ирази надеж дека во најскоро време ќе се остварат правата согласно Законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...