Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за јануари, но бележат зголемување во однос на вчера.
Според најновите податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Треска кај Македонски Брод е за речиси четири пати повисок во однос на вчерашниот, а осетно зголемување има и на Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Штип.
Водостоите, пак, на природните езера се повисоки од повеќегодишниот просек за овој месец со исклучок на Охридското Езеро, каде нивото е за девет сантиметри пониско од просечното.