Куче откри дрога кај Македонец во Пула

113

Триесет и двегодишен македонски државјанин е уапсен во Пула откако бил фатен со дрога. Хрватските медиуми пишуваат дека во понеделникот околу 14 часот на автобуската станица во Пула, полициските службеници забележале сомнителен маж, кој туку што пристигнал со автобус.

Имајќи предвид дека дента биле спроведени засилени контроли за откривање дрога, со нив било и издресираното куче за детекција. Дукс, како што му е името на кучето, ја открил дрогата во ранец. Станува збор за 1.045 грама хероин. Дрогата е предадена за вештачење, а македонскиот државјанин е притворен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...