Пожарот кој избувна околу 16.30 часот во станбена зграда на улицата „Илинденска“ во Тетово сѐ уште не е изгаснат.
Избувнал во покривот на зградата, а пожарникарите имаат тешкотии со неговото гаснење. Повредени нема зашто станарите навреме ги напуштиле своите домови веднаш по појавувањето на чадот.
Пожарникарите ги скршија стаклата на прозорците за полесно да излезе чадот, но гаснењето оди многу тешко поради немањето скали за висококатница, како и поради тоа што пуканло цревото за вода за време на гаснење на пожарот.
Станарите не знаат кои се причините за пожарот. Еден од нив, како што изјави, се сомнева на струјата во моторот на лифтот зашто оттаму првично почнало да чади.