Јанева: Не бевме запознаени дека Груевски ги празни сметките

884
20160212 Friday katica janeva

Не бевме запознаени дека Груевски ги празни сметките, но 120.000 евра не е импозатна бројка за да упати на тоа дека некој планира бегство, рече специјалната обвинителка Катица Јанева во интервју на ТВ 1.

Таа oчекува да се донесе закон со кој ќе се прошири надлежноста на СЈО.

Јанева изјави дека СЈО за повеќето истраги имаат воспоставено надлежност, а за 8 предмети, кои се во истражна постапка, не е воспоставена надлежност.

За тоа дека рејтингот на институцијата е паднат, рече дека тоа е моментална состојба и оти каде и да се појават им изразуваат поддршка.

Во врска со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски рече дека се надеваат оти тој ќе биде вратен во Македонија и ќе ја одлежи затворската казна.

– Се надевам дека ќе се изнајдат сили од Владата, особено од Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи,  на кој било начин да го вратат Никола Груевски да ја издржи казната и да биде присутен на постапките што се водат во судот – рече Јанева.

Во однос на забелешките дека не се третираат функционери од ДУИ, Јанева информира дека од 660 илјади разговори, околу 14 проценти се на албански јазик и оти сите се преведени. Од СЈО истакнуваат дека ниту вршат селекција, ниту пак некого привилегираат или дискриминираат по етничка основа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...