Пратеникот Влатко Ѓорчев од собраниската говорница денеска рече дека ќе дојде време кога таблите и ознаките секаде каде што пишува Република Македонија ќе треба да се менуваат, па побара да не се фрлаат и да бидат дадени на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
– Почитувани колеги пратеници од Владата на СДСМ, министри од редовите на Владата на Зоран Заев и СДСМ, би сакал да ве замолам денот кога ќе дојде време да ја вадите таблата во ова Собрание, каде што пишува Собрание на Република Македонија да не ги фрлате тие табли, дајте ни ги нам, ќе ги чуваме. Ќе ги чуваме на нашите покриви, ќе ги чуваме во нашите подруми – изјави од говорницата Ѓорчев.