Товарен воз удрил во одрони од карпа кај Велес, железничкиот сообраќај во прекин

134

Товарен воз удрил во одрони од карпа на пругата и излетал од шините, попладнево во 17,10 часот, по Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес-Скопје, информираат од СВР Велес.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, локомотивата на товарниот воз излетала од шините и при тоа биле оштетени два столба и електрична сигнализација, а во несреќата машиновозачот, за среќа останал неповреден.

Железничкиот сообраќај  е во прекин, бидејќи вработени од Македонски Железници ги отсрануваат одроните карпи од пругата, информира Додевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...