Министерот за надворешни на денешната прес-конференција во Владата објасни зошто сѐ уште употребуваат „Република Македонија“, а не новото уставно име „Република Северна Македонија
– Сигурно некои се прашуваат зошто сѐ уште користиме „Република Македонија“. Затоа што овој процес не е завршен. Целиот процес завршува со ратификувањето на нашиот Протокол за НАТО во грчкиот парламент. Во тој момент стапуваат на сила уставните амандмани и тогаш „Република Северна Македонија“ ќе стане уставно име – рече Димитров.
Тој кажа и оти на денешната владина седница формирале меѓуресорско тело кое ќе почне со имплементација на обврските од договорот, пред сѐ, од комуникациски аспект. Прво, рече Димитров, ќе се подигне нивото на дипломатското претставништво во Атина од Канцеларија за врски на највиско ниво, во Амбасада.