Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, чие име се шпекулира како едно од можните претседателски кандидати, не сакаше да даде конкретен одговор дали тој ќе се кандидира.
– Пред нас е одлука да избереме каков претседател заслушува Македонија. И јас и колегите сме исправени кон таа цел, да избереме лице кое ќе биде спротивност од тоа што го имаме денес. Успесите доаѓаат кога има тим, оваа Влада има тим и визија. Бидејќи започна процесот на избор на кандидат така како што е предвидено, важни се овие принципи, затоа што личните амбиции на ниту еден не се поважни од иднината на државата – рече Спасовски, додавајќи дека има простор за дискусии помеѓу партиите и помеѓу граѓаните и оти е убеден дека Македонија ќе добие добар претседател.