Виничиус: Сакам да играм со мојот идол Нејмар

72
ФОТО: Инстаграм

Бразилскиот талент на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор призна дека би сакал да игра еден ден со својот сонародник Нејмар.

– Би сакал да играм со Нејмар, тој е мој идол. Тоа е човекот што го гледав како дете. Го следев внимателно откако почна да игра за Сантош. Се восхитувам на неговата игра и тој го знае тоа – рече Виничиус.

Во тековната сезона, 18-годишниот Бразилец има 18 настапи во Реал Мадрид на сите турнири со 2 гола и 9 асистенции.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...