Бруклин Бекам тајно се гледал со пејачката Рита Ора, а тоа не и се допаднало на неговата мајка, пренесува „The Sun“.
Тоа се случило кога Бруклин имал 18, а Рита Ора 26 години.
Наводно, Викторија „ставила јасно до знаење дека не ја одобрува нивната врска“. Таа заедно со нејзиниот сопруг му забраниле на синот да се гледа со пејачката.
Во 2013, Рита Ора се гледала со Дејв Гарднер – уште една причина поради која Дејвид не бил среќен за девојката на синот.
Бруклин и Рита се разделиле, но се уште биле во добри односи.
Пријател на Бекамови изјавил дека Дејвид бил тој кој збеснал кога дознал за врската, а Викторија била загрижена поради разликата во годините.
Пред неколку месеци во јавноста излегле информации дека Рита Ора купила куќа блиску до вила на Бекамови.
За Бруклин, најстариот син на Бекамови, ова не е прв пат да биде во врска со постара девојка. Претходно се гледал со актерката Клои Грејс Моретз, а потоа со 29-годишната јутјуберка Лекси Пантера.