Пратеникот Антионио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на седницата за интерпелација на министерот за надворешни работи го праша Никола Димитров како ќе се однесувале министрите за надворешни на Бигарија и Грција доколку го нарекле својот народ искомплексиран.
– Јас ќе ве замолам да се обидете да замислите како министерката Екатерина Захариева, изјавува дека целата или дел од бугарската нација е со комплекс. Таа веднаш ќе си поднесе оставка од морални причини. Замислете Коѕијас да каже дека дел од грчката нација е со комплекс. Тоа ќе му беше последна изјава. Димитров, тврдите дека Македонија е нација со комплекс ако го немало Александар Македонски, нема да знаеме кој сме. Дали советниците на СДСМ и ДУИ кои гласаа да се гради споменикот на Алекснадар Македонски, биле советници со комплекс? Тогаш одлуката не го иритира, затоа што има фотелја во Вашингтон – рече Милошоски.