За да ги направат играчите на Реал Мадрид уште посплотени, раководството на клуб вчера вечер им организираше „тајна вечера“ во еден паб во градот, открива „Марка“.
Условот за играчите на „Сантијаго Солари“ бил да дојдат без жени, пријатели, роднини или други блиски луѓе. Собирот се одржал во ресторанот „БиБо“ во Мадрид, во сопственост на познатиот готвач Дани Гарсија.
Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дека играчите си поминале добро. Само Герет Бејл, Кејлор Навас и Тони Крос не биле присутни.
Реал Мадрид е во серија од четири последователни победи, што е добро постигнување за тимот, со оглед на честите флуктуации во играта во досегашниот тек на сезоната.