Пејачката Келси Картер го истетовирала Хари Стајлс на образот, пренесува „Би-Би-Си“.
Претходно, Картер напишала на Твитер дека подготвува нешто за роденденот на Стајлс на 1 февруари.
Откако ја покажала тетоважата, многумина напишале на Твитер дека можеби честитка со среќен роденден би била сосема доволна. Поединци се сомневаат оти тетоважата е лажна.
На Твитер се споделила и фотографијата за која се верува дека ја инспирирала Картер да го стави Стајлс на лицето.
Тетоважата е дело на Ромео Лакосте, кај кои се тетовирале и Кендрик Ламар, Џастин Бибер, Џејсон Чарлс и Свај Ли.
Други ѕвезди кои можеби го следат трендот со тетоважи на лицето се Пост Малоун, Џастин Бибер, како и поранешното момче на Ноа Сајрус.
ФОТО: Инстаграм / Ролинг Стоус насловна