Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти упати писмо со честитки до премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, за ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентите на двете земји оценувајќи го влегувањето во сила на овој важен договор со преостанатите процедури како важен влог во стабилноста и економските перспективи на двете земји, во регионот и југоисточна Европа.
„Се восхитувам на вашата храброст, политичка храброст, лидерство и одлучност и аплаудирам на вашите особини на вистински државници“, пишува Чакрабарти
Во писмото испратено до двајцата премиери, соопшти владината прес служба, се наведува дека Договорот од Преспа треба да ја зголеми довербата на инвеститорите и да ги отвори можностите за нови прекугранични проекти и регионална интеграција.
„Дозволете ми уште еднаш да ја реафирмирам силната посветеност на ЕБРД во поддршка на економиите на вашите земји и да ја изразам нашата подготвеност да ја интензивираме воспоставената соработка во интерес на соседните земјите и поширокиот регион“, стои во писмото испратено од Чакрабарти до премиерите Заев и Ципрас.