Денвер со голем пресврт против Мемфис, Јокиќ со 24 поени

54

Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Мемфис Гризлис со 95:92 во натпревар кој ќе остане запишан во историјата на тимот од Колорадо.

Нагетс, предводени од Никола Јокиќ, го направија најголемиот пресврт во историјата на франшизата, компензирајќи дури 25 поени заостанување на гостувањето во Тенеси.

Јокиќ постигна 24 поени (10/20 од игра) против еден од најдобрите центри во лигата, Марк Гасол, додавајќи и 5 скокови, 4 украдени топки и 3 асистенции, а неговиот кош на 29 секунди пред крајот го донесе пресвртот за Денвер (93:92).

Следеа две промашувања на Кајл Андерсон кој прави два офанзивни скока, но по вториот оди надвор од границите на теренот, прави фаул над Гери Харис, кој на линијата од слободни фрлања на 2,5 секунди пред крајот ја „потврдува“ победата за „грутките“.

Вил Бартон со 20 поени и 5 скока беше солиден кај гостите, 18 додаде Малик Бисли, додека Херис постигна 11 (4/11 од игра).

Гризлис го предводеше Гасол со 28 поени и 9 скокови, но, исто така, имаше 7 загубени топки. Мајк Конли постигна 23 поени со 11 асистенции.

Резултати од НБА:

Индијана – Голден Стејт 100: 132
Шарлот – Њујорк 101: 92
Бостон – Бруклин 112: 104
Мемфис – Денвер 92:95
Лос Анџелес Клиперс – Атланта 118: 123.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...