Виталиј Кличко примен во болница

735

Легендарниот светски шампион во тешка категорија и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, беше примен во болница. Тој беше хоспитализиран на клиниката во австрискиот град Св. Јохан во Тирол. Според информациите, поголемиот од браќата Кличко влегол во здравствената установа на 26. јануари по Светскиот економски форум во Давос, на кој Виталиј учествуваше.

– Виталиј Кличко помина прегледи и рехабилитација во Австрија. Причината е влошување на една стара повреда во грбот на боксерот. Немаше хируршка интервенција – рече прес-секретарот на Кличко, Оксана Зиновиева.

Виталиј Кличко доби повреда на грбот во 2007 година, кога се подготвуваше за своето враќање во боксот. Тој мораше да се бори со Американецот Џамил Меклејн во Минхен, Германија, но натпреварот беше откажан, а легендарниот Украинец претрпе операција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...