Албанскиот претседател Илир Мета и претседателот на Комисијата за надворешна политика на црногорскиот парламент, Андрија Николиќ, на денешната средба во Тирана размениле мислења околу последните случувања во регионот при што како историско достигнување го оцениле решавањето на проблемот со името на Македонија.
Нивен заеднички став е дека со отворањето на патот за членство на, како што рекле, Северна Македонија во НАТО и во ЕУ, ќе придонесе и во зајакнувањето на безбедноста во регионот и евроатлантските простори.
Оценувајќи ја посетата на Николиќ како дел од заедничката агенда за интензивирање на и така добрите односи меѓу двете држави, пријателството и соработката, Мета додал дека реализацијата на меѓугранични проекти за подобрување на инфрастрктурата се многу значајни за Албанија и Црна Гора.
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA