Го убил синот на познат српски хирург, бесен што е несреќен

7308
ФОТО: Фејсбук / Курир.рс

Дваесет и осумгодишник е уапсен за убиството на студентот Милош, син на познат српски хирург, пренесува „Курир.рс“.

Убиецот ги вџашил сите со признанието дека го убил Милош оти тој бил првата личност на која наишол.

Уапсениот изјавил дека бил нервозен, лут и бесен бидејќи сфатил колку е несреќен и дека неговиот живот е безвреден, па одлучил да излезе на улица и да убие некого.

Милош убиецот не го познавал, немало никаква врска помеѓу нив, дури ни на социјалните мрежи.

Дваесет и четиригодишниот Милош бил убиен вчера додека се враќал од домот на својата девојка.

Криците на убиениот по нападот, ги слушнала целата зграда.

– Тој беше многу фин и воспитан. Живееше со цимер на првиот кат и имавме впечаток дека се пристојни млади луѓе – изјавиле соседите на убиениот за медиумот.

ФОТО: Фејсбук / Курир.рс (убиениот Милош)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...