Собранието на Република Македонија во рамки на 81.седница пратениците ја почнаа расправата по Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор на ОТА. За претседател на Советот се предлага Маргарита Цаца-Николовска, а за членови Ице Илијевски, Гордан Калајџиев и Филип Стојановски.
Исто така, на денешната седница пратениците ги усвоија Предлог одлуката за начинот на вршење на интервју, оценување и рангирање на кандидатите за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата поднесена од група пратеници и Предлог кодексот за изменување и дополнување на кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, поднесен од претседателот на Собрание и група претници.
Претходно, Собранието при утврдување на дневниот ред донесе одлука Предлог-законот за дополнување на Законот за пратеници по скратена постапка да биде ставен на дневен ред, Предлог-законот за социјална заштита во прво читање да биде симнат од дневниот ред, а Предлог-законот за измени и дополнување на Законот поштенски услуги да биде ставен на дневниот ред и да биде донесен по скратена постапка…
Седницата ќе продолжи седницата во 15 часот по редовната пауза.