Алијанса: Корумпираните функционери на ДУИ ги крадат парите на идните пензионери

1960

Последниот скандал за криминал и корупција на високи функционери на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, е тој што го откри Министерството за труд и социјална политика во врска со злоупотребата на придонесите во Пензискиот фонд на РМ за 12.000 вработени во јавниот и приватниот сектор, во периодот 2007-2018 година, реагира Алијансата за Албанците.

– Парите од придонесите за пензиско осигурување на вработените кои не се префрлени во вториот столб на пензиско осигурување, а најверојатно биле украдени од страна на функционери на ДУИ кои 10 години управуваат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија како единствен надлежен орган за собирање на пари за пензиски придонес, сведочи за алармот и постојаните реакции на Алијансата за Албанците дека ДУИ тоне во корупција и организиран криминал, стои во соопшртението.

Според Алијансата, ДУИ, преку свои директори во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои раководеле со оваа институција повеќе од една деценија, ги оштетиле граѓаните за 19 милиони евра, пари наменети за вториот столб пензиско на осигурување.

– Ја потсетуваме јавноста дека во овој период, со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија раководеле Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зендели, заедно со нивните блиски соработници кои час поскоро треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна – велат од Алијансата.

Партијата на Зијадин Села го прашува премиерот Зоран Заев, дали со овој коалициски партнер ќе ја зачлени земјава во ЕУ и НАТО и ќе ги исполни барањата на ЕУ кои стојат во Извештајот за напредок од 2018 година, каде што главна точка е борбата против корупција.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...