Петров: Џафери манипулира, иницијатива за нов референдум за името ќе има

1230

Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров обвини дека претседателот на Собранието Талат Џафери манипулира со јавноста, бидејќи при констатацијата дека тој ја повлекол иницијативата за собирање потписи за нов референдум за името, не појаснил дека во Собранието има две иницијативи. Петров е дециден дека не се откажува од нов референдум за името.

– Џафери манипулира со јавноста, бидејќи не објасни дека има две иницијативи за собирање 150.000 потписи за референдум за името. Првата иницијатива која до Собранието ја доставивме на 24 декември беше оценета како неуредна. По ова на 9 јануари доставивме нова иницијатива со повеќе од 170 потписи собрани во подрачните единица на Државната изборна комисија, која собраниските комисии за политички систем и Законодавно правната ја оценија за уредна. Побарав од Џафери денеска да присуствувам на собраниската седница како овластен предлагач на иницијативата, но без никакво образложение не ми беше дозволено. Не се откажувам од иницијативата за нов референдум за името – ни изјави Тодор Петров.

Претседателот на Собранието на денешната пленарна седница информира дека Петров ја повлекол иницијативата за потписи за референдум за името.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...