Кој за што учел, другари!

Сѐ може да се дематеријализира другари, и законот, и откупот, и повишиците на плата, ама не и производството на она што се става за јадење или за пиење на маса. Нема никаква иднина, ниту живот доаѓа, без материјалната иднина. Ама таа мора да важи за сите.

1885

Денес нашите вицепремиери ќе си добијат најверојатно зголемени плати, околу 8.000, на веќе над 80 и нешто илјади. Читам, во исто време, тиквешките лозари не можат да си го наплатат грозјето од 2014 година.

Првиве лажеа дека терминолошки го усогласувале Законот за плати со Законот за Влада.

Вториве не можат да си усогласат загарантирана откупна цена и ќе добиеле закон според науката, бидејќи се обвинети дека подлажнувале на шеќерноста и на квалитетот.

Кој за што учел, другари. А јас верувам дека политикава е пренаучена, додека околниот живот и труд се обидува да ги имитира, наместо да
се занимава најдобро што може со својот труд.

Бидејќи и за тоа вино треба учење. Јазикот на природата се учи, бојата, вкусот и мирисот, за подобро да се разбере. Ритамот на природата, за подобро да се почитува. Така треба и филозофија да се учи, за да се чувствуваш мравка, а не бог.

Како и да е, помеѓу трудот на првиве и вториве, повеќе ќе ги разберам маките и барања на вториве, но ќе им замерам што сакаат да научат нешто и од политиката, наместо да си се држат до земјата.

Бидејќи првиве заборавиле и дека некој друг треба да јаде во државава.

Сѐ политички се субвенционира во земјава, наместо да се работи на реално производство на пијалок и на храна. Така и лозарите си ја заборавија вистинската моќ и ќе потпишат веднаш за некој денар повисок откуп.

Сѐ може да се дематеријализира другари, и законот, и откупот, и повишиците на плата, ама не и производството на она што се става за јадење или за пиење на маса. Нема никаква иднина, ниту живот доаѓа, без материјалната иднина. Ама таа мора да важи за сите.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...