5 отсто по џебот за пратеници кои не внимаваат што зборуваат

288

Пратениците може од три до шест месеци да останат покуси за 5 отсто од платата доколку ги омаловажуваат и навредуваат колегите, ако работат за личен интерес, во интерес на поединци или група заради стекнување на директна или индиректна корист, ако поттикнуваат омраза, нетолеранција и насилство и ако врши притисок на државни службеници и на вработени во собраниската служба и ја злоупотребат функцијата за да оствари личен интерес.

Ова се предлог измените на Кодексот за етичко однесување на пратениците предложен од претседателот на Собранието Талат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски, Фросина Ременски, Весел Мемеди, како и од пратениците Африм Гаши и Мерал Узаири Ферати.

Измените на Етичкиот кодекс се по препорака на ГРЕКО.

Пратеникот кој направил тешки повреди освен јавна опомена може да биде суспендиран еден месец од членство во работно тело или еден месец да му се забрани да претседава со работното тело.  Ако пратеникот  повторно направи тешки повреди му се скрати 5 отсто од платата од три до шест месеци.

Досега пратеник ќе заработеше само опомена за лесна повреда и јавна опомена за тешка повреда доколку не го почитувал Кодексот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...