Во четиричасовниот документарец изнесени се нови детали за обвинувањата за педофилија на сметка на кралот на попот, а меѓу нив е откриено дека момчињата за секс ги наградувал со накит.
– Ми даваше накит како награда за сексуалниот чин, а на едно дете му подготви комплетна венчавка, со завети и дијамантски прстени. Ги навел да ги мразат своите родители и жените воопшто. Им зборувал дека со него ги споил Бог, а потоа би ги отфрлил поради други момчиња – напишал Патрик Рајан од USA Today.
„Напуштање на Неверленд“ е приказна за Вејд Робсон и Џејмс Сејфчук кои имале помалку од 10 години кога Џексон ги зел да настапуваат со него. Двајцата имале преамбициозни мајки кои ја форсирале нивната блискост со мега популарниот пејач.
Вејд Робсон, кој денеска има 36 години, на 5-годишна возраст победил на детски натпревар на имитатори, по што следувала награда – запознавање со Мајкл Џексон. Џејм Сејфчук, пак, поминал на кастинг за реклама на Пепси.
Џексон ги носел со себе на турнеи, со дозволи од мајките.
Сејфчук сведочи дека кога еднаш се разбудил, Мајкл му рекол дека додека спиел, тој орално го задоволил и дека тоа било нормален начин на изразување љубов. И му рекол дека и нему му било првпат, како и никогаш да не им верува на жените и да не кажува никому зашто ќе настрадале и двајцата.
Џексон додека бил жив ги негирал сите обвинувања. Неговите застапници по премиерата објавиле соопштение во кое навеле дека филмот е „таблоидно убиство на неговиот лик кој Мајкл Џексон го трпел и во животот, а сега и после смртта“.