Со нож убиен син на познат српски хирург

3100
ФОТО: Фејсбук / Курир.рс

Дваесет и четиригодишниот Милош, студент од Чачак, бил убиен со нож пред влезот на зградата во која живеел, пренесува „Курир.рс“.

Милош се враќал од домот на својата девојка, кога бил нападнат.

– Непознат напаѓач, кој наводно носел бела јакна, се нафрлил на Милош и со нож го избодел по рацете и градите. Наводно, претходно се слушнало како Милош му вели „Немој, брате“. По нападот, тој успеал да отиде до влезот на зградата, дури го ставил и клучот во бравата, но потоа ја изгубил свеста – рекол извор од истрагата.

Криците на Милош по нападот, ги слушнала целата зграда.

– Тој беше многу фин и воспитан. Живееше со цимер на првиот кат и имавме впечаток дека се пристојни млади луѓе – изјавиле соседите за медиумот.

Таткото на Милош бил хирург, а неговата мајка стоматолог. Неговата сестра студирала во Белград.

Неофицијално, убиениот бил член на навивачка група на Партизан, па се проверува кој е мотивот поради кој е нападнат.

ФОТО: Фејсбук / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...