Почетино: Трофеите единствено го „пумпаат“ егото

96
ФОТО: МИА

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, дефинитивно направи интересна изјава по елиминацијата на неговиот тим во 4-ти круг на ФА Купот. Аргентинецот изјави дека освојувањето на трофеи не гарантира подобрување на перформансите, туку само го „пумпа“ егото на клубот.

„Петлите“ изгубија со 0:2 од Кристал Палас и така во рок од четири дена напуштија две натпреварувања, во кои имаа добри шанси за конечен триумф. Во текот на неделата, Почетино и неговите момчиња беа елиминирани во Лига Купот, откако загубија од Челзи по пенали.

Овие резултати дефинитивно предизвикаа грижи кај фановите на Тотенхем, но Почетино рече дека не го губи фокусот од главната цел пред неговиот тим.

– Ќе разговараме повторно дали трофеј може да го одведе клубот на следното ниво. Не се согласувам со такво тврдење. Трофеите единствено го „пумпаат“ егото. Најважното нешто за Тотенхем во моментов е постојано присутно во првите 4 на Премиер Лигата – изјави Аргентинецот по синоќешниот пораз.

Тој сепак го изрази своето разочарување од елиминацијата во Куп натпреварувањата.

– Се разбира, ние сме разочарани од испаѓањето – и во четвртокот и сега (вчера). Бевме елиминирани во 2 турнири. Не можеме да не бидеме разочарани. Нема да има смисла да се чувствуваме поинаку. Но сега мораме да останеме позитивни. Сè уште играме на два фронта, ние сме во добра позиција во Премиер Лигата и Лигата на шампионите, што е огромна мотивација за клубот. Треба да останеме силни – смета Почетино.

Тренерот на лондонскиот тим смета дека треба да се земат во предвид и повредите во тимот и дека за освојување на трофеј во Англија, како ФА Купот или Лига Купот, исто така, треба среќа, не само квалитет.

– Се разбира, за нас е потешко да се справиме со работите при сегашните околностите (повредите на Хари Кејн и Деле Али). Понекогаш, заклучоците за фудбалот се прават само со тоа што се гледа кој победил и кој – изгубил. Сите околности мора да се земат во предвид. Реалната цел е да бидеме во топ 4, да се обидеме да бидеме блиски до Манчестер Сити и Ливерпул, за да го намалиме нашето заостанување. Да бидеш кандидат за титулата ќе биде тешко. Топ 4 е пореална цел. Другата работа што треба да ја направиме е да се обидеме да победиме притив Борусија Дортмунд во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тоа нема да биде лесно – додаде Почетино.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...