Столтенберг: Протоколот за НАТО ќе биде набргу потпишан

337
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столенберг, изјави дека пристапниот протокол за влезот на Македонија во НАТО ќе биде потпишан во скоро време, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ќе го потпишеме пристапниот протокол во НАТО и тоа можеме да го сториме набрзо. За ратификацијата ќе треба повеќе време, сѐ зависи од 29-те парламенти – рече Столтенберг за Политико Европа.

Можно е веќе во текот на оваа недела, амбасадорите на земјите членки на НАТО да го потпишат протоколот. Некои земји членки како Словенија веќе добија зелено светло за ова, како што изјави словенечкиот амбасадор Јелко Кацин.

– Штом ќе го потпишеме пристапниот протокол, Скопје ќе седне на масата – рече Столтенберг.

Тоа значи дека Македонија ќе учествува како земја набљудувач во сите клучни формати на состаноците на Алијансата, но полноправна членка ќе стане само откако сите 29 парламенти ќе го ратификуваат пристапниот протокол.

– Минатиот пат ни требаше околу една година – изјави шефот на Алијансата коментирајќи го зачленувањето на Црна Гора во 2017 година.

Како што јави МИА во петокот, Кацин има слична прогноза, македонското знаме би се веело пред седиштето на Алијансата во Брисел до крајот на оваа година, најдоцна на почетокот на 2020 година.

Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...