Воздухот во Скопје од вчера е повторно со високи концентрации на ПМ10 честички, а според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на ноќта достигнале и над 300 микрограми на метар кубен.
Во Центар концентрациите почнале да се зголемуваат од вчера утро кога биле измерени 58 микрограми на кубен метар, за во 23 часот да достигнат 376 микрограми, од кога почнуваат да се намалуваат, но и натаму се далеку над дозволените. Последното мерење во Центар концентрациите на ПМ 10 честичките се 182 микрограми на метар кубен.
Во Карпош се движеле од 60 до 321 микрограми. Последното мерења покажува 196 микрограми на метар кубен.
Кај Ректорат назагадено било синоќа од 20 до 2 часот по полноќ, кога концентрациите биле над 300, достигнувајќи до 388 микрограми. Утрово се измерени концентрации на ПМ 10 честичките од 194 микрограми.
Во Бутел според мерењата исто така во текот на ноќта било најзагадено но концетрациите достигнале до 190 микрограми. Утрово се измерени 120 микрограми на метар кубен.
Загаден воздух е регистриран и во другите градови, а среднодневните концентрации се движеле од 72 од Кочани, 86 во Кавадарци, 96 во Кичево, 106 Миладиновци, 109 во Бутел, 118 во Битола, 128 во Гостивар, 134 во Тетово, 135 во карпош, 138 во Центар, 171 кај Ректорат до 192 во Струмица.
Според законските прописи мерки се активираат кога во два последователни денови има среднодневни конценрации над 200 микрограми. Во случај кога има загадување над дозволеното, но под 200 микрограми, на сила се само препораките за користење јавен превоз, возење повеќе лица во едно возило или да не се користи возилото без поголема потреба, да не се користи за затоплување прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал, правилно користење на печките на дрва, ограничено движење и активности на отворен простор на најранливата популација, земање витамини…